×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заморот е најголем непријател на безбедното возење, порача Тошковски од Табановце

    31.07.2025 18:54 | KumanovoNews

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со дел од раководството на МВР го посети граничниот премин Табановце каде заедно со претседателот на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја продолжија кампањата „Безбедно во лето - Вози одморен“ чија промоција беше минатиот месец на граничниот премин Богородица.

    Заморот е најголем непријател на безбедното возење, порача  Тошковски од Табановце

    Министерот Тошковски посочи дека преку оваа кампања ги потсетуваме возачите на потенцијалните опасности од заморот, но и на ризиците од пребрзото возење, управувањето на возило под дејство на алкохол и на други сообраќајни прекршоци кои се причини за тешки сообраќајни незгоди, како и дека овие превентивни активности се насочени особено на делницата од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, каде во летниот период енормно се зголемува бројот на возила кои минуваат преку овој коридор.

    „Целта е да испратиме порака дека е исклучително значајно да се фокусираме сите во превенција на несакани настани кои најчесто се случуваат од премореност на возачите. Праксата покажува дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи посебно во летниот период од годината при патување на годишен одмор. На долгите патувања како што е годишниот одмор клучни се паузите за одмор, на секои два до три часа неопходно е правење пауза од барем 15-тина минути. Упатуваме апел до возачите да тргнат на пат одморени бидејќи заморот е голем непријател на безбедното возење. Статистиките покажуваат дека сообраќајните незгоди предизвикани од замор за жал најчесто завршуваат фатално“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, додавајќи дека зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за МВР и дека и во наредниот период продолжуват активностите со цел да се намали бројот на жртви на патиштата.