Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот го натерал девојчето орално да го задоволи вчера околу 17 часот во напуштена куќа зад Пензионерскиот дом во Куманово.
Ж.З (50) од населбата „Перо Чичо„ сексуално се изживувал врз ретардирано 14-годишно девојче за 400 денари. Кумановецот го натерал девојчето орално да го задоволи вчера околу 17 часот во напуштена куќа зад Пензионерскиот дом во Куманово. Откако го реализилал умоболниот чин Ж.З. со кола тргнал да го врати девојчето од кај што го земал. По улицата „Тодор Велков„, кај зградата на ЕВН го запрела полицијата и побарала лични документи за него и сопатничката. Девојчето немало ништо кај себе, па Ж.З. изјавил дека не го познава. Наводно го зел да го превезе бидејќи немало пари за автобус и леб, а притоа му дал 40 денари. По преземени мерки утврден е идентитетот на малолетничката, која е на возраст од 14 години и има пречки во развојот. Од разговорот со неа било откриено дека вчера околу 16,00 часот на ул.„Доне Божинов“ кај кружниот ток, додека се шетала наишол Ж.З. и ја качил во своето возилото хонда. Заминале во напуштениот објект каде орално ја искористил. Гинеколошки преглед покажал дека девојчето не е силувано. Од страна на СВР-Куманово против Ж.З. е поднесена кривична пријава за „обљуба врз немоќно лице.