×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на пари во претпријатието

    25.02.2025 16:17 | KumanovoNews

    Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена во полицијата под сомнение дека извршила проневера на пари од сметката на претпријатието. 

    Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на пари во претпријатието

    Пријавата уследила откако било утврдено дека нема совпаѓање на парите и документацијата.

    „По проверка на документите од пописот извршен за 2024 година констатирано е несовпаѓање на сумите, по што е направена детална проверка во благајната. Случајот вчера е пријавен во полиција и сега надлежни за истрагата се органите на прогонот и правосудството. Стоиме на располагање за обезбедување на простор, пристап до компјутерска документација и целата финансиска евиденција за утврдување на фактичката состојба“, изјави директорот Оливер Стојмановски, за Кумановоњуз.

    Тој тврди дека проневерата не се однесува на граѓаните, туку на претпријтието.

    „Корисниците на услугата не се засегнати, издадените каса- прими потврди се совпаѓаат со уплатите регистрирани кај нив. Затоа граѓаните можат да бидат мирни, штета е нанесена на сметката на претпријатието.  Се работи за далеку помала сума од она со која се шпекулира во јавноста“, вели директорот.

    Неправилностите во работењето биле забележана по инсталирањето на новиот софтвер за наплата, финансиско и сметководствено работење, каде полесно се навигира и видливо е секое отстапување.

    Службеничката е остранета од работното место, нема пристап до системот и евиденцијата, за да се заштити истрагата и евентуалните докази.

    Доколку се докаже, ова ќе биде трета проневера на пари во ЈП  „Водовод“ во последните дваесетина години, во преходните два случаи службениците биле осудени на казна затвор.