×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработени 13 лица со дефицитарни занимања

    12.02.2016 14:25 | KumanovoNews

    Обучени и вработени се 13 лица со дефицитарни занимања, преку проектот „Здобивање со професионални вештини“ во вредност од 614.745 денари, поддржан од Европската Унија.

    Вработени 13 лица со дефицитарни занимања

    Проектот се спроведува преку Центарот за вработување Куманово и ДРОМ. Се работи за млади лица кои се вработени во фирми во Куманово и Старо Нагоричане, како заварувачи, фризери, молери, фасадери, чевлари и реставратор. Целта на проектот е да се намали невработеноста кај младите, а работодавачите да добијат квалификувана работна сила.

    Да се создаде мерка којашто целосно ќе одговара на потребите во регионот. Успеавме да развиеме мерка во којашто беа вклучени кандидатите кои се всушност наш главен интерес. Денеска сме тука да им честитаме што издржаа, да земат учество во целата оваа мерка и да им ги доделиме сертификатите коишто си ги заслужија и во иднина се надеваме дека ќе им се зголемат шансите како резултат на учество во овој проект - изјави Аксел Бургер, експерт за твининг проект.

    Овој твининг проект завршува во мај и трае две години, а покрај земјата корисник партнери во проектот се Германија и Литванија.

    Беше направена селекција, околу 200 лица поминаа низ таа селекција, првиот филтер го поминаа 89 лица од кои најдобрите 13 земаа обука која успешно ја завршија ги положија испитот. Денеска ќе бидеме сведоци на доделување на сертификатите. Луѓето се веќе вработени и мислам дека проектот успешно е завршен што ќе даде свој придонес во намалување на невработеноста во општина Куманово - изјави Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

    Од ДРОМ се надеваат дека и понатаму ќе имаат можност преку вакви соработки и проекти да придонесат за намалување не невработеноста.

    Ќе направиме напори да се направат нови програми коишто ќе бидат многу поголеми, каде што покрај Агенција за вработување , невладините организации и фирмите, самите компании во партнесртво со локалната самоуправа и од Куманово и од Старо Нагоричане, ќе продолжиме да правиме програми и проекти кои што ќе бидат во интерес на граѓаните - вели Ахмет Јашаревски од ДРОМ.

    Младата Стефанија Јаневска од Куманово, пет месеци следела обука за изработка на чевли и со стекнатото знаење успејала да се вработи.