Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 290 ученици со слаби оценки добиваат дополнителна помош да го совладаат метeрјалот од учителки во невладината организација “Врама си“.
Помошта ја користат ученици од различни националности од ОУ“Браќа Миладиновци“, ОУ“Крсте Мисирков“ и ОУ“Христијан Карпош“.
Има резултати, децата успеваат да ги поправат оценките. Многу од децата од ромска националност кои беа наши корисници се запишаа во средно образование, а оние од предшколска возраст сега се во основно. Оваа едукација е од голема помош бидејќи има родители кои се зафатени со работа, имаат материјални проблеми или не знаат да им помогнат на децата, бидејќи не ја познаваат материјата. Се работи интерактивно, тимот е со едукатори од кои некои имаат искуство и по девет години. Децата доаѓаат во текот на работното време, зависно како им се смените, а помалите ние ги земаме. Работиме по наставна програма, имаме и месечен план до кој се придржуваме - изјави Анета Додевска, администратор во “Врама си“.
Таа објаснува дека над 90 деца се вклучени во проектот кој го финансира Детската фондација Песталоци, а 200 деца се дел од проектот кој е поддржан од УСАИД.