×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Време е за обнова на Куманово, порача Мисајловски од населбата Иго Тричковиќ

    01.07.2020 17:55 | KumanovoNews

    На Куманово му фалат многу проекти, долго време локалната власт е во рацете на СДСМ. Во последно време, со нивна демагогија слушам дека повторно нешто ќе правеле, повторно со нивните виртуелни проекти. Време е за чесни луѓе да дојдат во Куманово, да работат и да помогнат, порача од населбата Иго Тричковиќ, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Втората изборна единица Владо Мисајловски.

    Време е за обнова на Куманово, порача Мисајловски од населбата Иго Тричковиќ

    Тој додаде дека позитивната енергија која секојдневно им ја пренесуваат граѓаните на Куманово, им дава надеж дека ќе има победнички резултати и тука и во цела Македонија.

    „Позади мене се чесни луѓе, кандидати за пратеници, кои го сакаат Куманово. Јас како носител се обврзувам дека ќе бидам тука постојано и ќе дадеме максимален напор за да има обнова во Куманово, затоа што тоа го заслужува градот кој е најголем во Македонија, но се дави во урбан хаос. Се дави во неспособност и на централно, но и на локално ниво. Гледаме и слушаме секој ден како локалната и централната власт тука во Куманово е скарана. Тоа го трпи обичниот граѓанин. Затоа сакаме да ги охрабриме сите граѓани во Куманово, дека доаѓа обновата. Таа носи обновување на достоинството, културата, туризмот, науката, инфраструктурата и здравството. Излезете масовно и дајте ни ја поддршката на 15-ти јули, за бројот 14. За луѓе домаќини кои го сакаат Куманово и кои утре ќе направат многу за градот“, рече Мисајловски.

     Кандидатот за пратеник Бране Петрушевски, рече дека е позитивно изненаден и изрази благодарност до кумановци, кои ги примиле со многу позитивна енергија што ги надминало нивните очекувања, но изрази разочарување како СДСМ ја води кампањата.

     „Иако на почетокот ветија дека ќе водат фер, демократска и европска кампања, меѓутоа за жал последниве денови голем број на граѓани доаѓаат со слики  од онаа нивна позната активност пред секои избори да одат по улици каде ги условуваат граѓаните со потписи доколку сакаат асфалтирање или тампонирање на улиците. Јас сакам да упатам апел до сите кумановци, доколку им дојдат од СДСМ и бараат поддршка, нека се потпишат за барањето што го наметнуваат иако сум сигурен и убеден дека ќе ги излажат како и до сега. Но, барем нека изнудат нешто од оваа власт што им недостасува во 21 век. Меѓутоа, на 15-ти јули позади параванот ќе сте сами, и казнете ги поради се што не ви направија во изминатите 30 години. Се уште постојат населби без канализација и асфалт, што е директна вина на локалната власт“, рече Петрушевски.

    Кандидати за пратеници беа на средба со граѓаните и во селото Тромеѓа, Ајдучка Чешма и Вера Которка.

    (Д. Давитковски)