×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Врие од пациенти во дежурната амбуланта на Здравствениот дом Куманово

    09.01.2016 14:25 | KumanovoNews

     По 60-тина пациенти за 6 часа прегледуваат лекарите во дежурната амбуланта во Здравствениот дом Куманово, бидејќи во саботите, неделите и за празниците ординациите на матичните лекари не работат.

     
    Врие од пациенти во дежурната амбуланта на Здравствениот дом Куманово

    Гужвите во оваа здравствена институција, особено се зголемени кога има вирусни и стомачни заболувања и на промена на времето кога помош бараат хроничните болни.

    Петнаесетината пациенти, деца и возрасни на едно место, денеска затековме како чекаат ред за преглед, упат или инекција во амбулантата. Дел од нив рекоа дека се тука околу дваесетина минути, додека другите се пожалија дека повеќе од еден час се пред вратите на лекарот. Сите се едногласни дека вината не е кај лекарите кои работат колку можат, туку кај законот кој им дозволува на матичните лекари да одмараат за викендите и празниците. Во дежурната амбуланта се опслужуваат над 150 000 жители од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

    “Имам потреба и затоа сум дојдена тука. Детето ми има зголемена температура. Нејзината докторка е втора смена и ја чекаме, сега треба да дојде. Кога дојдовме имаше 10 до 15 луѓе кои чекаа. Би требало да има повеќе лекари. Одамна не сум дошла и ваква гужва немало“- рече Весна Милковска, родител.

    Доктор Стефан Младеновски, кој денеска беше на работа признава дека има гужва во амбулантата и некогаш се чека подолго од вообичаеното, но тврди дека медицинските тимови успешно ја завршуваат работата и максимално им се посветени на пациентите. Тој смета дека доколку се отвори уште една дежурна амбуланта во градот тоа ќе ја забрза работата и ќе го зголеми квалитетот на услугата на пациентите.

    Има гужва, меѓутоа ние успеваме да одговориме и да ги прегледаме сите пациенти. Досега не се случило некого да вратиме. Во најголемата гужва за 6 часа успеваме да прегледаме 60 пациенти со квалитет. Доста добро излегуваме на крај со сите предизвици и проблеми. Пациентите знаат некогаш да бидат анксиозни кога ќе дојдат на преглед и кога ќе видат гужва. Се губи време и да ги смириме да им објасниме дека гужвата е затоа што матичните не работат. Веројатно во град од ваква големина би можела да работи уште една амбуланта паралелно со оваа, која што многу би ја забрзала и олеснила работата.“- вели Младеновски.

    Дежурната служба за викенд и државне празници работи со тројца лекари во различни смени, од 6 до 12 часот, од 12 до 6 и од 6 до полноќ, а потоа работата ја презема Ургентниот центар.

    Граѓаните апелираат до надлежните да се врати стариот систем на работа каде што матичните лекари ќе дежураат со цел да се намалат гужвите во дежурната амбуланта на Здравствениот дом.