Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва во 19 часот ќе се оддржи втората по ред Меморијална вечер посветена на Виолета Деур.
Ќе има поетско читање, обраќање на нејзини пријатели, луѓе од локалната самоуправа. Таа беше наш почесен претседател и сакаме да и оддадеме почит. Виолета Деур беше директор на Пионерски дом, а претходно работела како професор - рече Зора Ивановска, претседател на здружение на жени “Нада Михајлова“.
Меморијалната вечер ја организира здружението “Нада Михајлова“ и литературен клуб “Обденица“.