×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Второ прскање од земја против возрасна форма на комарци во Куманово

    20.06.2025 12:27 | KumanovoNews

     Во вторник /24.06/ од полноќ до раните утрински часови на територијата на Општина Куманово ќе се спроведе втор третман на терестичка дезинсекција - третирање на возрасна форма на комарци. 

    Второ прскање од земја против возрасна форма на комарци во Куманово

    „Предвидени локации за извршување на овој третман се: централното градско подрачје, по течение на реката Кумановка (од кумановска бања преку с. Проевце), Кејот на реката Кумановка и површините под бавчи од другата страна на реката, по должина на река Серава и на булевар “Октомвриска револуција”, област околу Градскиот парк и улицата “Никола Тесла”, реонот на ООУ “Толи Зордумис” покрај реката, по должина на булеварот “Трета МУБ” и улицата ”11 Октомври” (со посебен осврт на Општата болница), Градските гробишта, населбите Диво насеље, Зелен рид и Перо Чичо, с. Романовце (по течение на реката), и м.в. Бејтови ниви“, стои во соопштението. 

    При извршување на третманот ќе се користи препаратот AQVA KOTHRINE со активна материја Deltamethrine.   
    Во случај на неповолни временски услови, третманот на терестичка дезинсекција ќе биде одложен за првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.