“Вук Караџиќ“ го одбележа Светскиот ден за заштеда на енергија
07.03.2014 13:12
| KumanovoNews
Со низа активности учениците од основното училиште “Вук Караџиќ“ го одбележаа Светскиот ден за заштеда на енергија.

По тој повод сите ученици и вработени организираа акција за собирање на пластични шишиња. Седмооделенците направија презентација на тема “Енергија, нејзино значење и начини на заштеда на енергија“, презентираа план за заштеда на енергија во училиштето, поделија еко пораки, фалери и читаа творби за штедење на енергија.
Целта е преку вакви активности да се развие свеста дека електричната енергија треба рационално да се користи и да се зачува здравата животна средина.