×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 300 деца нема место во градинка

    20.08.2013 07:10 | KumanovoNews

     Над 300 деца од Куманово неможат да се запишат во градинка затоа што нема место за сместување во постоечките објекти.

    За 300 деца нема место во градинка

    Во градинката “Анѓел Шајче“ уште во јуни ги направиле списоците на децата кои се примени, а оние што се на листата на чекање ќе бидат повикани доколку се ослободи некое место. Во сите клонови на градинката се запишани вкупно 1440 дечиња од кои само 288 се нови.

    За жал имавме поголем број на пријави одошто имавме места и можности да ги прифатиме децата. Околу 309 деца се ставени на листа на чекање. При приемот приоритет имаа деца кои имаат двајца родители во работен однос, адреса на живеење и близина на некој од објектите од установата, поврзаноста на децата брат - сестра.  Меѓутоа и покрај овие критериуми ние не сме во можност просторно да одговориме за прием на овој број на деца затоа што проектираниот капацитет е далеку надминат - вели Марина Алексовска, директорка на градинката “Анѓел Шајче“.

    Последниве неколку години голем број деца остануваат без место во градинка за што е известено Министерството за труд и социјална политика и Советот на Општина Куманово. Во програмата на локалната самоуправа е планирана изградба на градинки во населбите Карпош и Тоде Мендол, кои треба да ги растеретат постоечките сместувачки капацитети. Но Општината се соочува со сериозни финасиски проблеми и блокирана сметка, поради што оваа идеја тешко дека ќе ја реализира наскоро, доколку не помогне државата.