За Бадник да се внимава при палење на огнови
Од Територијалната противпожарна единица Куманово апелираат граѓаните утре да внимаваат при палење на огнови, за да не предизвикаат пожар.

Деан Илиевски, командирот на ТППЕ Куманово вели дека огнот на отворено може да се огради, но и да не се оставаат деца сами да палат оган без присуство на повозрасни луѓе.
Обично ставаат во оган поголема количина дрва, но да не бидат тоа материјали како пластика, најлон, гуми, посебно гуми затоа што и да не дојде до пожар, емитуваат штетни гасови во воздухот. Да не се палат многу големи огнови. Досега за Бадник не сме имале пожари од вакви огнови - кажа Илиевски.
Часлав Јовановиќ од Општинскиот протипожарен сојуз вели дека ако граѓаните внимаваат нема да има никакви проблеми за време не празникот.
Досега немало пожари на Бадник, значи луѓето внимавале. Кога огнот не може да се контролира тогаш доаѓа до пожар - рече тој.
Палењето на бадниковиот оган треба да се направи на безбедна локација, каде нема да биде зафатен објект или лесно запаливи материјали.