За да не плати царина искршил рампи на Табановце
11.04.2014 12:17
| KumanovoNews
А.Р.(51) вчера со автомобил искршил рампи на граничен премин Табановце и побегнал за да не му ја царинат техничката стока.

Тој со автомобил “опел вектра“ со германски таблички во кој била сопругата М.Р од Штип ги искршил рампите за пасошка и царинска контрола и побегнал кон Куманово. Од мобилна царина на наплатна рампа “Романовце“ тие се запрени и спроведени назад до граничен премин Табановце за понатамошна постапка. Против двајцата се поднесени патни налози за сторен прекршок.