Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две деца и една жена, се повредени во три сообраќајни незгоди, кои се случиле вчера на три локации во Куманово.
Според МВР во 09.30 часот на крстосницата од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Страшко Симонов“ во Куманово, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(31) од Скопје удрило во пешакот Ј.Ј.(58) од Куманово.
Во 20.00 часот на крстосницата на ул.„Драги Шутевски“ и ул.„Романовска“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(46) удрило во малолетен пешак.
Во 21.55 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ш.М.(27) од Куманово, удрило во малолетен пешак.
Повредените се пренесени во Општа болница Куманово, каде им е укажана помош. Во сите три случаи извршен е увид од СВР Куманово.
(Фото.архива)