×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За еден месец со „пајак“ подигнати 215 возила, блокатор ставен на 73

    16.02.2021 15:12 | KumanovoNews

    Полни раце работа имале сообраќајната полиција и вработените во ЈП „Куманово-паркинг“, во текот на јануари, поради непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Куманово.

    За еден месец со „пајак“ подигнати 215 возила, блокатор ставен на 73

    Санкциите се однесуваат за возачи кои со своите возила се паркирале на коловоз, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по пријава од трето лице.

    Иако во градот има обележани места за платено паркирање, голем дел од граѓаните и жителите на приградскитре населби, го узурпираат секој слободен простор на јавна површина, за да го избегнат плаќањето на паркинг.

     Поради тоа изминатиот месец со специјалните возила на пајак службата, санкционирани се вкупно 215 непрописно паркирани возила, а на 73 им биле поставени блокатори.

    „Јавното претпријатие „Паркинг“, во соработка со полициски службеник, подигна 153 возила за кои на лице место била платена глоба во висина од 1000 денари, по што возилото веднаш е предадено на сопственикот. Останатите 62 возила се однесени на депо на претпријатието, и за нивно враќање е потребно да се плати 2000 денари“, - информираат надлежните од МВР.

    На паркинг место, со „блокатор“, во месец јануари биле санкционирани 73 возачи кои за отстранување на истиот, платиле по 1000 денари. Сторените прекршоци се поради нерегулирано паркирање, односно неплатена паркинг-услуга но и поради пречекорување на дозволеното време за задржување на паркиралиштето.

    Од СВР Куманово и ЈП „Паркинг“, апелираат до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените места, за да ги зачуваат зелените површини и да останат тротоарите функционални, а притоа коловозите бидат слободни.

    (Д.Давитковски)