За Нова година да не се претерува со мрсна храна и алкохол
При прославата на Нова година, граѓаните треба да внимаваат да не претеруваат со конзумирање на мрсна храна и прекумерно пиење на алкохол.
Лекарите советуваат дека сите треба да внимаваат што ќе јадат и пијат, а посебно постарите лица и хронично болните.
„Сите треба да внимаваат од најмали до најстари. Да не пијат премногу алкохол, за да не дојде до интоксикација на организмот. Да не јадат премногу мрсна, солена и се разбира калорична храна. Посебно внимателни треба да бидат луѓето кои имаат висок притисок, срцеви болести, болести на бубрези“-рече Фикрет Јахиу, општ лекар.
Покрај умерено конзумирање на алкохол и мрсна храна, лекарот советува и да не се претерува со пушење цигари за време на новогодишната ноќ, бидејќи и пушењето носи ризици по здравјето.