×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Забраната за влез и излез од Куманово се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз, фирмите можат да обезбедуваат сопствен превоз

    26.03.2020 21:29 | KumanovoNews

    Владата на денешната 29-та седница донесе заклучок да ја информира јавноста дека одлуката со која се забранува влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз на патници со градски, меѓуградски патнички и железнички јавен превоз.

    Забраната за влез и излез од Куманово се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз, фирмите можат да обезбедуваат сопствен превоз

    Владата им препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на Општина Куманово, доколку за тоа имаат потреба, да продолжат да го обезбедуваат пристапот до нивните објекти доколку имаат организиран и контролиран посебен превоз и да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, -соопштуваат од Владата.