×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Забрането движење од 16 до 5 часот за време на викендите

    25.03.2020 16:38 | KumanovoNews

    Во сабота и недела се забранува движење на сите граѓани од 16 до 5 часот наутро, одлучи Владата на денешната седница.

    Забрането движење од 16 до 5 часот за време на викендите

    - Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронаврусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани, - напиша премиерот Оливер Спасовски.

    Со овие измени и дополнувања забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот.

    Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

    Со претходните владини мерки ограничено движење на граѓаните е секој работен ден од 21 до 5 часот наутро. Лицата над 67 години можат да се движат само од 5 до 11 часот, додека младите лица до 18 години од 12 до 21 часот.