×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Зад кулисите“ премиерно во Кумановскиот театар

    13.07.2015 16:54 | KumanovoNews

    Претставата “Зад кулисите“ работена по текст на Мајкл Фрејн, а во режија на Билјана Радиноска, утревечер во 20 часот премиерно ќе биде прикажана во театар Куманово.

    “Зад кулисите“ премиерно во Кумановскиот театар

    Во преставата играат: Мартин Лазаревски, Нина Максимова, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Антонио Пешевски, Александра Пешевска, Александра Михајловска, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ и девет актери, членови на Здружение на пензионери Куманово.

    “Го одбрав “Зад кулисите“ не само да ја раскажам приказната во текстот, туку и се што се случува и што е зад кулисите. Не само она што се случува позади сцена кога подготвуваат претстава, туку и внатре што сакаат да направат, а не направиле, кои ликови сакаат да ги играат, а не ги играле, какви сцени би сакале да прават. Во самата претстава се менуваат жанрови. Почнува како комедија,,па има транзиција во нешто друго, па завршува како нешто трето и доста е слоевито“- изјави Радиноска.

    “Зад кулисите“ е комична драма на Фрејн за еден театарски ансамбл, составен да создаде профитабилна претстава, но нивните лични мотиви, љубовни врски, амбиции и фрустрации го водат овој обид во сè поизвесен крах.