×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев: Имаме кандидат за претседател со кој се гордееме

    11.04.2014 08:45 | KumanovoNews

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев, синоќа од митинг во населбата Гоце Делчев, ги повика граѓаните да го дадат гласот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, бидејќи тој достојно ќе ја претставува државата.

    Заев: Имаме кандидат за претседател со кој се гордееме

    Од овде ја испраќаме пораката дека Македонија треба да има вистински претседател. Идниот претседател Стево Пендаровски не му должи ништо на СДСМ, ни на Зоран Заев ни на Оливер Спасовски. Тој ќе биде претседател на сите граѓани, татко на нацијата, претседател каков што заслужува нашата земја. Имаме  кандидат со кој се гордееме, кандидат за кој со мерак на изборите ќе гласаме. Сите овие изминати години Куманово ја праќало пораката на храброста, пораката на важноста и на слободоумноста. И овој пат сум убеден дека победата ќе тргне од Куманово по сите дијагонали во Македонија, - изјави Заев на синоќешниот митинг во населбата „Гоце Делчев„.

    Лидерот на СДСМ смета дека победата на Пендаровски ќе биде предвесник за успехот на СДСМ на парламентарните избори, по што тој ќе ја предводи новата Влада во Република Македонија.

    Пред кумановци зборуваше и носителот на листата од изборната листа 2, Петре Шилегов, кој ги повика граѓаните да им дадат поддршка на новите лица на СДСМ.

    Дојде време да одлучиме дали ќе продолжиме со старите излитени лица кои осум години владејат со нашата држава, кои се наредија по листите бегајќи по пратеничкиот имунитет или ќе се одлучите за промени за нов почеток за новите лица во СДСМ, кои ќе донесат освежување на политичката сцена. Сегашната власт ветува се и сешто, јас како адвокат знам дека е невозможно да простиш долгови кои произлегуваат од приватни фирми, рече Шилегов.

    На своите сограѓани им се обрати и кандидатот за пратеник Љубиша Николиќ.