500x100-1
19. 10. 2019 15:07

Заев предложи предвремени избори најбрзо што може

Заев предложи предвремени избори најбрзо што може

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска на прес-конференција се обрати по повод заклучоците на Европскиот Совет, при што предложи паламентарните избори да се одржат што е можно побрзо.

Со овој предлог ќе настапи утре на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

„Тоа што Европската Унија не успеа да донесе одлука за отворање преговори со нас е нивна историска грешка, и тоа го потврдија сите европски лидери. Ние направивме се што требаше и се што можевме.  Факт е дека ние сме жртви на историска грешка на ЕУ и тоа кај сите нас предизвикува огромна огорченост. И јас сум разочаран и лут, и знам дека целиот наш народ така се чувствува. Затоа, гневот и тежината на граѓаните ги чувствувам како уште една лузна. За мене лично, ова неисполнето ветување е исклучително лоша и неправедна постапка на Унијата, а истовремено и сериозна работа. Сепак, ние и тоа како сме одговорни за сопствените одлуки, кои ги носиме за нашите граѓани и за македонската иднина, - изјави Заев.

Тој рече дека предлага брзи предвремени избори, најбрзо што може, на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот на кој треба да се оди, „дали да одиме по вистинскиот пат на европски вредности, напред, или по мрачниот пат на поделби и конфликт и изолацијата што води назад, на патот на пријателството со соседите или конфронтации“.