×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев вети високи позиции за младите

    10.04.2014 16:19 | KumanovoNews

    Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната средба со младите социјалдемократи во Куманово вети високи позиции за младите во клучните ресори доколку победат на предвремените парламентарни избори.

    Заев вети високи позиции за младите

    Тој истакна дека поставувањето млади луѓе на кандидатски листи за пратеници е само почеток кој навестува дека младите во иднина ќе носат одлуки за важни општествено - политички прашања.

     Досега обично повозрасните носеа одлуки за младите. Честа не е само моралот, честа доаѓа со работата. Се е минливо и на крајот доаѓа прашањето што сме направиле за подобро? Јас пораснав во оваа партија, поминав по сите скали. На 27 години станав пратеник, потоа бев потпретседател, па  в.д. претседател и ја добив честа да ја водам партијата. 10 месеци сум претседател на партијата и во СДСМ има единство, има дебата - изјави Заев.

    Тој ја нападна ВМРО - ДПМНЕ дека под превезот на патриотизмот ја ограбиле земјата и тоа се докажува со масовното иселување на младите кои на гледаат перспектива во Македонија.

    За претседателските избори тој очекува разликата помеѓу Стево Пендаровски и противкандидатот Ѓорѓе Иванов да биде 30.000 гласа во корист на Пендаровски. Тврдењето го поткрепи со податок од рејтинг анкета која покажува водство од 8,6 отсто пред Иванов.

    Пред присутните се обрати и кандидатот за пратеник, Филип Јаневиќ кој сликовито ја објасни ситуацијата во која се наоѓаат македонските граѓани.

    ВМРО - ДПМНЕ овие 8 години не држи на тивок оган. Мислам дека дојде време сите да скокнеме од лонецот. Кога имаме такви играчи кои играат да “скршат кичма“, тие секако будат негативни чувства. Мора да пратиме порака дека сакаме подобро да се води државата. Младиот и професионален кадар треба да се задржи, а не да се брка од државата - вели Јаневиќ.

    Младите беа загрижени од задолженоста на земјата и прашаа како Заев би се справил со оваа ситуација без тоа да удри по грбот на граѓаните.

    Тој одговори дека и во 2005 година Општина Струмица била задолжена кога тој стана градоначалник, но со многу труд успеал да ги врати долговите и да направи нешто за своите. Заев рече дека ако не се одлеваат пари за корупција на медиуми и ако не се градат споменици во старт ќе се заштеди од буџетот.

    На настанот присуствуваше градоначалникот Зоран Дамјановски, генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски, претседателот на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, кандидатите за пратеници и други.