Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, вчера во 15.40 часот, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од с.Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од с.Градец, кривопаланечко.
Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.