Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шеесет и петогодишен возач на камион загинал, откако го него удрила приколка од која истоварал работна машина.
Несреќата се случила вчера во 10.50 часот на ул.„Ѓорче Петров“, во Куманово, кога Л.Д.(65) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, бил удрен од приколката и починал на местото.
„Тој со товарно возило влекач „ман“ со приколка со кумановски регистарски ознаки превезувал работна машина - багер. На местото на настанот го запрел возилото и со сопатникот Љ.Б.(37) од с.Бразда, започнале со истоварање на работната машина од приколката. Откако Љ.Б. влегол во багерот, Л.Д. останал надвор од возилото да му дава насоки да го спушти од приколката. Притоа, приколката се придвижила, при што влекачот удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Куманово, кој се здобил со повреди, констатирани во болницата во Куманово. Во обид да го запре возилото, Л.Д. бил прегазен од приколката и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Куманово и трудов инспектор“, соопшти МВР.