Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца паланчани и еден Kосовец загинаа утринава во тешката сообраќајната несреќа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка.
Починати се Далибор Н.(34) и Драган И.(55) од Крива Паланка и Гаши И.(36) од Приштина, Косово, а тешко повредени се Г.С.(46) и А.А.(42) од Крива Паланка кои се возеле во тикото и Е.Б. и А.И.(28) од Косово кои биле во голфот.
Сообраќајката се случила утринава во 5.15 часот во селото Страцин, кога бмв со бугарски таблички кое го возел Далибор кон Крива Паланка, од непознати причини преминало на левата коловозна лента. При тоа удрило во тико со кривопаланечки таблички и голф со косовска регистација.
На лице место починале Далибор и Гаши, додека Драган им подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Скопје. Останатите повредени пренесени се во Кумановската болница, а Е.Б. поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар Скопје. Увид на лице место извршија полициско-судски екипи и се работи на утврдување на причините за сообраќајната незгода.