Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ, откако одлучи да ги бојкотира локалните избори и по цена да ја изгуби локалната власт, најверојатно ќе се соочи со големи внатрепартиски поделби и осипување на членството, тврдат извори од партијата.
Познавачи на приликите, велат дека кога СДСМ ќе биде опозиција и на локално ниво, повеќе нема да биде интересна за многумина, кои во изминатиот период уживале големи привилегии и функции. Фракционерството кое со години е присутно само ќе се интензивира, дел од членството ќе се прелее во партиите на власт, што видно ќе го ослаби огранокот.
Наспроти ова претседателката на СДСМ Снежана Захариева, смета дека општинската организација на СДСМ нема да се распадне доколку се смени локалната власт во Куманово, бидејќи СДСМ има долга традиција и опстојуваме повеќе од 20 години.
Факт е дека промени ќе има. Знаеме дека активното партиципирање во политиката го сочинува припадност кон една идеологија, меѓутоа тоа е микс на интереси на членството. Така да, што ќе превагне кај оние што се членови во одредена политичка партија, таков ќе биде и исходот на сето она што ќе се збиднува по локалните избори. Факт е и дека ќе има луѓе кои што ќе го напуштат членството во СДСМ од различни побуди и интереси. Можеби ќе се најдат во некоја друга партија, но она што е верно членство на СДСМ, кое со години опстојувало, пак ќе си опстане. Секако дека ништо нема да биде исто, ако власта се смени, но искрено се надевам дека која власт и да дојде да го води Куманово, треба да има предвид дека треба да работи во интерес на граѓаните- изјави претседателката Захариева.