×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заловено расното куче кое напаѓаше луѓе во центарот на Куманово

    13.03.2023 11:50 | Сузана Николиќ

    Екипа од Ветеринарниот центар „Тодор Велков“ по налог на Инспекциските служби на Општина Куманово и во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарсво го залови кучето, кое утринава нападна осум граѓани на улицата „Народна Револуција“. 

    Заловено расното куче кое напаѓаше луѓе во центарот на Куманово

    Од Инспекторатот велат дека откако добиле повик од граѓаните веднаш интервенирале и кучето е смесено во стационар. Не станува збор за куче скитник.
     

    „Кучето е заловено во близина на „Супер Фурна“. Се работи за големо куче од расата азијат тешко 72 килограми , со пресечени уши и опашка. Станува збор за чувано куче, кое можеби е подготвувано за борби, а му побегнало на сопственикот. Не беше агресивно додека го заловивме“, велат инспекторите.

     

    Кучето немало ременче, ниту е евидентирано во системот за да се утврди кој го чувал.

    Тоа утринава во близина на Основното училиште „Крсте Мисирков“, нападна 8 лица, меѓу кои и четири ученика, кои поминале со полесни повреди, но се истрауматизирани и во шок од  нападот.