×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Занаетчискиот дом ќе се ревитализира

    03.03.2010 15:26 | KumanovoNews

    Денеска се одржа втората јавна трибина за ревитализација на Домот на занаетчии, во организација на локалната администрација. Трибината предизвика пошир  интерс и внимание, главно на луѓе од архитектурата, културата и јавниот живот во градот.

    Занаетчискиот дом ќе се ревитализира

    Градоначалникот Зоран Дамјановски прецизирајќи ја целта на денашната размена на мислења и идеи, нагласи дека Занаетчискиот дом изграден пред 80 години, претставува монумент на градот и затоа треба да му се врати душата, односно да биде мултифункционален објект.

    Внатрешноста треба да се уреди за да можат да се одржуваат одбрани свечености поврзани со историјата на градот и каде што свое место под сонце ќе го најдат и културата , уметноста, но и занаетчиството пред се чевларството, кое е  бренд на Куманово - рече Дамјановски.

    Идеите за ревитализација на Домот на занаетчиите пред присутните со видео-проекции и симулации ги презентираа младите кумановски архитекти Стефан Лазаревски и Стефан Георгиевски, кои за својот труд добија пофалби од учесниците на трибината.

    Доколку се реализира предвиденото Домот на занаетчиите свечено ќе биде предаден во употреба  Денот на ослободувањето на Куманово.

    Ова архитектонско здание инаку е дело на градскиот архитект Владимир Антонов, изградено 1930 година.