Запалил стрниште изгореле соседните имоти
02.04.2014 10:34
| KumanovoNews
Б.А.(59) од с.Умин Дол, запалил стрниште на неговиот имот, при што настанал пожар кој се проширил на соседните имоти.

Пожарот се случил во м.в. „Голово Брдо“ атар на с.Умин Дол, а сопственикот ќе одговара за кривично дело предизвикување општа опасност.