Мени

Запленет разновиден алат без документација, приведени две лица

08.12.2025 14:17 | KumanovoNews

Две лица се приведени откако кај нив е пронајдена разновиден алат без соодветна документација.

Запленет разновиден алат без документација, приведени две лица

На автопатот Табановце-Куманово, вчера полициските службеници запреле патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван  разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.

Возилото и алатот се одземени, а лицата се приведени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.