×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Запленети комбиња на диви превозници

    14.03.2012 15:53 | KumanovoNews

     Сообраќајни инспектори заплениле десетина комбиња на превозници кои вршеле нелегален превоз на патници на релацијата Куманово-Скопје.

    Запленети комбиња на диви превозници

    Поради тоа сопствениците на комбињата денеска собираа потписи од граѓаните со цел да им се вратат возилата и побараа од државата да им возозможи легално да работат.

     Денеска се собравме да го изразиме нашиот револт поради тоа што ни ги зедоа возилата со кои вршевме такси превоз. Ние немаме лиценци за работа, но бараме државата да ја легализира нашата работа, да добиеме дозвола и да ги плаќаме сите давачки. Ние не сме конкуренција на останатите превозници затоа што возиме на линиите кои се различни од нивните, а тоа се до факултетите во Скопје. Ако државата не ни излезе во пресрет ние и нашите вработени ќе останеме на улица- вели Дејан Митковски, претседател на синдикатот на превозниците.

    Од општината велат дека републичка инспекција ги запленила комбињата на дивите превозници и локалната самоправа нема никакви врски со тоа. Градоначалникот Зоран Дамјановски ги повика  превозниците да се обратат во Општината, и ако ги исполнуваат условите пропишани со закон ќе добијат лиценца.

     Тие бараат линии за наменски транспорт и нив ги организираат одредени институции, а само линискиот транспорт е должност на локалната самоуправа- вели градоначалникот.

    Дивите превозници најмногу подршка добија од студентите, бидејќи тие најмногу ги користат нивните услуги. За сто денари се превезуваат до факултетите, а не само до автобуската станица до Скопје, од каде им треба дополнителен превоз. За само два часа превозниците собраа над 600 потписи кои ќе ги предадат во Министерството за транспорт и врски.