Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Координативното тело за интелектуална сопственост денеска заплени 35 компјутери без лиценциран софтвер , чанти и тренерки од познати брендови во Куманово.
Се работи за трговски марки кои се заштитени на ниво на држава и пошироко. Акцијата беше спроведена во неколку фирми и кај физички лица на зелениот пазар.
Исконтролирани беа и два бутика во центарот на градот, каде што има повреда на интелектулната сопственост односно повреда на индустриската сопственост за познатите брендови трговските марки кои се заштитени на ниво на Република Македонија и надвор од Македонија. Во два бутика во центарот на градот одземени се чанти од познати брендови - изјави Мите Костов, претседател на Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост.
Против трите фирми од каде што се одземени компјутери, ќе бидат поднесени кривични пријави, а соодветни законски мерки ќе преземат и УЈП и Државниот пазарен инспекторат .
Кај три кабловски телевизии кои реемитуваат програми од страна на инспекторите не беа констатирани неправилности во нивното работење, што е добро бидејќи полека полека се средуваат во делот на авторските права. Телевизиите без разлика дали се кабловските или националните, односно се почитуваат правата од интелектуалната сопственост - рече Костов.
Глобите за повреда на авторското право за нелиценциран софтвер може да достигнат и до 10.000 евра , а може и кривично да се одговара при што се предвидени и затворски казни од 3 до 6 години.
Костов кажа дека акциите за сузбивање на пиратеријата, криминалот и другите девијации во економскиот систем продолжуваат понатаму.