Запленети куршуми и петарди од кумановци
Полицијата во два случаи одзела куршуми и петарди од граѓани.

Полицијата во октомври извршила претрес во куќата на кумановецот И.Б.(29) во село Лојане, при што се најдени две рамки за куршуми, два куршуми калибар 12.7 мм и два куршуми 7.9 мм.
Во домот на Н.В.(26) на улица „400“ при извршен претрес во ноември пронајдени се еден куршум калибар 7.62 мм и пиштол калибар 9 мм за светлосно звучна сигнализација со 13 куршуми.
Пред Нова година на импровизираната тезга на Џ.Д.(19) на плоштад е извршен преглед, при што се одземени 1248 парчиња петарди.
Сите тројца ќе одговараат за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.