Запленети штеки цигари на Табановце
04.11.2014 09:36
| KumanovoNews
Четириесет и девет штеки цигари, со македонски акцизни маркички, викендов се откриени на граничен премин Табановце.

Непријавената стока е најдена при контрола на автомобил со српски регистарски таблички, пријавен за излез од државата. Непријавените цигари пронајдени се во две црни торби, сместени во багажникот, во просторот за резервна гума и во внатрешноста на вратата од багажниот простор на возилото.