Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Инспекторите од Одделението за истраги, при контрола на автомобил,во багажниот простор откриле и одзеле 108 килограми свинско месо, спакувано во четири пластични вреќи.
Според изјавата на возачот, месото го презел кај пумпата на „Макпетрол“, од негов роднина, кој со ладилник го внел од Република Македонија преку граничниот премин Деве Баир. Месото било набавено во Бугарија и скриено во кабина на возилото.
Против двете лица ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка согласно одредбите од Царинскиот закон.