Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Младинскиот културен центар „Козјак“, синоќа со прикажување на филмот „По еден пиштол во секоја рака“ започна циклусот на шпански филм во Куманово.
Циклусот на филмови го организираат шпанската амбасада и општината со поддршка на МКЦ“Козјак“. Манифестацијата ја отвори шпанскиот амбасадор, Рамон Каранза кој најави дека во иднина можно е циклусот да прерасне во фестивал на шпанскиот филм.
Нашата блиска соработка помеѓу шпанската амбасада и општината Куманово, е многу плодна и оваа година започнавме со овој краток филмски циклус и се надевам дека догодина ќе имаме фестивал на шпански филм. Да се види дека пријателствата се подлабоки и да се види дека сите граѓани се слични, со слични проблеми без разлика од која земја доаѓаат. Кога станува збор за пријателство, не станува збор за пријателство помеѓу држави бидејќи тоа е апстрактно, туку станува збопр за пријателство меѓу градови и личности како што е нашиот случај - вели амбасадорот.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски разговарал со амбасадорот за соработка со градови од Шпанија.
Се надевам дека ова што денеска го поставивме како услов за преговори ќе го реализираме во наредниот период. Од мое име, од име на граѓаните ви посакувам топла соработка и посакувам наша идна соработка, поставивме неколку темели и се надевам дека во наредниот период тоа ќе се оствари - кажа Дамјановски.
Вечерва во 19 часот во МКЦ ќе игра филмот „Метод“ во режија на Марсело Пињеиро, а утре во истиот термин на репертоарот е филмот “Кучето на градинарот„, филм режиран од Пилар Миро. Влезот е слободен.