Започна чистењето на дивата депонија кај „Искрин мост“
Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ започнаа со чистење на дивата депонија кај „Искрин мост“, која се наоѓа покрај регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Директорот Сашо Томиќ вели дека ова е првата од повеќето акции што ќе се спроведат во наредниот период, со цел да се исчисти сметот кој ја уништува животната средина.
„На територијата на градот има околу 20 диви депонии. Сите ќе бидат исчистени, и апелираме до граѓаните да се воздржат од фрлање на отпад каде што ќе стигнат. Во наредниот период ќе ја подобриме и соработката со комуналната инспекција за да се санкционираат несовесните граѓани“, изјави Томиќ.
Тој додаде дека ќе се обидат да најдат начин да ги стимулираат граѓаните кои совесно се однесуваат кон депонирањето на сметот и хигиената на јавниот простор.
Тошиќ информираше и дека во моментот претпријатието работи на раззеленување на повеќе локации во градот, пред сè на градскиот кеј и во парковите.

