×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна изградбата на отворениот базен- затворениот при крај

    08.04.2016 13:50 | KumanovoNews

    На површина од околу 550 метри квадратни започна изградбата на отворениот базен, кој ќе биде во состав на рекреативниот комплекс на затворениот базен, кај спортската сала Куманово.

    Започна изградбата на отворениот базен- затворениот при крај

    Покрај безенот ќе бидат изградени придружни содржини, соблекувални, ресторан, тобоган и уреден простор за 200 лежалки за посетителите.

    Отворениот базен ќе биде завршен некаде најдоцна 15 јуни и ќе биде пуштен во работа, додека затворениот базен по некои наши претпоставки ќе биде пуштен на 5-ти јуни, но може да се помести датумот и до средината на мај“, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски при посетата на градилиштето.

    Вкупната инвестиција рекреативниот комплеск на затворениот базен, кој се гради 3 години чини 3,2 милиони евра, сретства од буџетот на општина Куманово.

    Ми претставува задоволство после 3 години од средствата на граѓаните, без никаква подршка од било која институција на државата или меѓународни донатори, да дојдеме до завршницата на долго очекуваниот проект. Имаме вградено најсовремена техника во однос на затоплување со сончева енергија, гасна енергија и климо-комори кои од пареата прават струја. Имаме најсовремена опрема за техничка обработка на вода, озонска обработка на вода, нема да има хлорирање. Ставивме техника која е трендовска која е најмодерна и која во моментот дава најголема сигурност за квалитетот на водата и за најисплатливо економско затоплување на базенот со што мислам дека ќе има економска исплатливост во стопанисувањето“, - изјави Дамјановски.

    Според проектот покрај затворениот и отворен базен, во комплексот ќе има комерцијален дел, со хотелско-сместувачки капацитети за околу 50 гости, продавници, ресторан и спа центар. За довршување на комерцијалниот дел ќе обезбедат сретства од јавно-приватно партнерство. 

      

    Паралелно со овој проект ќе започне и санација на паркингот, изградба на мал парк со фонтани, летен атриум и амфитеатар кој ќе стане интегрален дел од целиот комплекс. Градоначалникот најавува и реновирање на спортската сала доколку државата ја врати на опшината Куманово.