Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со одлука на Советот на општината Куманово,за реализација на манифестацијата "Кумановско културно лето" ќе бидат одвоени 4,3 милиони денари. Околу 40 манифестации ќе се реализираат во во наредните три месеци.
17 театарски претстави, концерти, поетски средби и мини концерти ,младински хепенинзи, ликовни изложби ќе бидат релизирани во рамките на програмата.Освен на градскиот плоштад,настаните ќе се реализираат на Спомен Костурницата, на кејот на Кумановка,во Меморијалниот центар во Пелинце, Центарот за култура и локалитетот "Батко Ѓорѓија".
Практично од вчера со гостувањето на Силви бенд со музичкиот перформанс Коштана , па речиси до крајот на септември годинава,кога и календарски завршува летото,граѓаните на Куманово ќе имаат можност скоро секојдневно да проследат по некој настан од културата.Средствата за реализирање на манифестациите се од буџетот на Општината, така што сите манифестации ќе бидат бесплатни за граѓаните -изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Во рамките на програмата предвидено е гостување на уметници од другите градови од Македонија и од збратимените градови-пријатели на Куманово од Србија и Бугарија,што целата манифестација добива и интернацинална димензија.
Ќе учествуваат гости од Бјелина, Ниш, Лесковац , Габрово ,изведби на врвни уметници кои ќе бидат несекојдневно доживување за кумановската публика.Подготвени сме , целата организација да ја изведеме професионално и одговорно.Свесни сме дека се работи за една обемна програма , на задоволство на публиката која воедно ја поканувам да биде дел од заедничкото дружење-вели Жика Крствески , раководител на секторот за култура , образование и спорт.
За граѓаните кои ќе сакаат да ги проследат овие случувања ќе има организиран превоз од пред Општината , а влезот е бесплатен.