Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово започна со нумерирање на улици и куќи во месноста Гладно поле во населбата Перо Чичо.
Од секторот за урбанизам објаснуваат дека надлежното одделение за комунални дејности прибира информации на терен.
„Тие пристапија кон ажурирање на податоци кои потоа ќе бидат проследени до надлежните институции. Во наредниот период интензивно ќе се работи на решавање на овој проблем. Ќе бидат формирани повеќе екипи кои ќе поминат на подрачјето на целата општина. Следува процес на ажурирање на податоци, предлози за именување по што ќе се достават до релевантни институции за натамошно разгледување и согласност“ - вели Лидија Ланг Спасовска, раководител на сектор за урбанизам во општина Куманово.
Без имиња се околу 200 улици во Куманово и тие се наоѓаат на периферија во приградските населби.