×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна реконструкција на болницата во Куманово

    25.08.2010 14:59 | KumanovoNews

     Проектот предвидува да се изгради нова зграда за дијализа и трансфузиологија, а ќе бидат реновирани постоечките објекти на повеќето одделенија. Министерството за здравство ќе обезбеди нова опрема и современи апарати. Проектот чини околу 1 милион евра, а треба да се заврши за една година.

    Започна реконструкција на болницата во Куманово

     Министерот за здравство Бујар Османи денеска во Куманово присуствуваше на отпочнување на работата на реконструкција на Општата болница во Куманово.

    Проектот предвидува да се изгради нова зграда за дијализа и трансфузиологија, а ќе бидат реновирани постоечките објекти на повеќето одделенија. Министерството за здравство ќе обезбеди нова опрема и современи апарати. Проектот чини околу 1 милион евра, а треба да се заврши за една година.

    Наша идеја е Општата болница Куманово да биде регионален медицински центар за северо-источниот регион, кој покрива околу 200 илјади жители. Бидејќи има одлевање на лекари специјалисти во сите болници, ние направивме акционен план за вработување, кој ќе оди на седница на Влада за да се утврди кој профил на кадар ни треба и која специјализација и колку нови вработувања треба да има-изјави министерот Османи.

    Во кумановската болница недостасуваат 25 лекари специјалисти, поради што се работи во тешки услови. Директорот Ариф Атифи вели  дека во текот на летото дел од вработените се откажале од својот годишен одмор во интерс на пациентите.

    Реконструкцијата на болницата ќе значи многу за нас од секој аспект. Покрај најсовремената опрема што треба да ја добиеме и подобри услови за работа, министерот вети дека во најскоро време ќе има нови вработувања на специјалисти. Со тоа ќе се комплетираме и ќе можеме на нашите пациенти да им дадеме најквалитетни услуги- вели директорот Атифи.

    Во реализација на овој проект придонес даде и локалната самоуправа, откако Советот на Општината Куманово го ослободи болницата од плаќање комуналии за изградба на новите објекти во висина од 100 илјади евра.

    Комплетната документација и комуналиите се донација од Општината. Во интерес на граѓаните се откажавме од овие сретства и пред 9 месеци издадовме градежна.Тоа не е случај во другите градови, бидејќи Клиниката за гинекологија во Скопје плати 800 илјади евра за Град Скопје- вели градоначалникот Дамјановски.