02. 06. 2020 16:21

Започна реконструкција на канализационата мрежа во Средорек

Започна реконструкција на канализационата мрежа во Средорек

Во населбата Средорек во Куманово, започна реконструкција на фекалната канализација во должина од 241 метар. Целта е да се надмине долгогодишниот проблем со одвод на отпадни води, во овој дел од градот.

Реализацијата на овој проект е дел од годишната програма за изградба на фекална канализација на Општина Куманово, а за неа се издвоени околу 2.1 милиони денари.

„За првпат во оваа населба по подолг временски период има една капитална инвестиција. Веднаш по завршување на трасата 1 и 2 ќе побарам од Советот дополнителни средства за да се продолжи и со останатите траси, за конечно да биде решен и овој проблем во населба којашто е и една од постарите во градот. Целта е урбано и комунално живеење и на нашите сограѓани од ромската заедница, да се подобри квалитетот на животот, а со тоа и обврските кон заедницата. Исто така, да се намалат и проблемите со фрлање на отпад во речното корито коешто во континуитет го имаме овде“, рече Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Куманово.

Градоначалникот најави дека Општината ќе поработи со граѓаните и во однос на организирано изнесување на смет во овој дел од градот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk