Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово започнаа градежни работи за реконструкција на 14 соби. Проектот ќе чини 2,7 милиони денари или околу 43,5 илјади евра, сопствени средства на установата.
Делот на кој се работи не е реновиран ниту реконструиран од изградбата на домот во 50-тите години на минатиот век.
„Се работи за обемен градежен зафат кој видно ќе ги подобри условите за престој на корисниците на услугите. Целосно се менува водоводната, канализациската, електричната мрежа како и на ѕидовите во собите и тоалетите. Затоа и работите ќе се одвиваат во наредните три месеци има прилично работа. Со нетрпение очекуваме да го видиме финалниот производ и да ги израдуваме корисниците со среден, чист и хуман простор за живеење“, изјави Дејан Стојановски, директор на установата.
Додека трае реконструкциата корисниците на услугата ќе се преместат во други соби, а работата во домот продолжува непречено.
„И покрај мајсторите и фактот што сме полни со корисници, функционираме како часовник и сите услуги кон постарите се испорачуваат“, уверува директорот.