Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Oсновниот суд Куманово, денеска започна судењето на градоначалникот на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ, за учество во сообраќајна несреќа во која едно лице загина.
Градоначалникот е обвинет дека во април мината година со службеното возило го усмртил Срѓан Лазаревски (31) од селото Орашац, по што побегнал од местото на несреќата, а повредениот по два часа го пронашол случаен минувач.
Јовановиќ пред Судот даде исказ во кој негираше дека учествувал во сообраќајната несреќа. Според неговото тврдење тој критичната ноќ на наведената улица „Драган Стопаревиќ„, поминал порано и не удрил во ништо.Наредното утро забележал дека задната десна гума му е испуштена, па ја напумпал кај вулканизер и заминал на работа во Општината. Тврдеше дека не видел никакви оштетувања на автомобилот.
Наредното рочиште е закажано за крајот на февруари.