×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна турнирот во чест на Мартин Симоновски - Матрикс

    17.10.2015 11:06 | KumanovoNews

    Во спортската сала на средното училиште “Перо Наков“ денеска започна турнирот во мал фудбал, кој четврта година по ред локалниот клуб на Социјалдемократската младина го организира во чест на нивниот другар Мартин Симоновски-Матрикс.

    Започна турнирот во чест на Мартин Симоновски - Матрикс

    Присутните во салата со едноминутно молчење му оддадоа почит на Мартин Симоновски-Матрикс, по што започна турнирот со натпреварот меѓу Пиљара Маце синови и екипата на Кафе бар Трговски.

    На овој турнир учество ќе земат 16 екипи кои ќе се натпреваруваат во два дена. Натпреварувањето ќе се одвива во две кола, а во недела ќе се одигра полуфинале и финале. Финалето почнува утре во 16 часот“- изјави Владислав Трајковски, претседател на локален клуб на СДММ Куманово.

    Силите ќе си ги одмерат екипи од Куманово, а ќе учествуваат и гости од Штип. Учесниците очекуваат добра игра на турнирот.

    Очекувам добра игра, подготвеност. За турнирот не се подготвувавме посебно бидејќи сме подготвени. Има добри екипи и ќе видиме како ќе се одвива турнирот“- рече Бојан Додевски од екипата на Трговски.

    На турнирот учествуваат екипите: Пиљара Маце синови, СДММ Куманово, Графофлекс, Монтевидео, Трговски, Куманово 15, К-нет, Топ Ган, Карпош, Карпош 93, Фортуна, Биџо, Мароко, Висто, Стела 1 и СДММ Штип.

    За најдобрите три екипи и најдобриот играч организаторите имаат дипломи, пехари, благодарници, а за победникот и фудбал.