×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна уписот на првачиња во училиштата

    08.05.2015 14:04 | KumanovoNews

    Во сите основни училишта пред неколку дена стартуваше уписот на ученици во прво одделение за учебната 2015/2016 година.

    Започна уписот на првачиња во училиштата

    Запишувањето во прво одделение е задолжително за сите деца кои ќе наполнат 6 години до крајот на 2015 година. Детето може да се запише и доколку полни 6 години до 31 јануари 2016 година, по претходно барање на родителот и добиено позитивно мислење од педагогот и психологот во училиштето.

    Ние веќе истакнавме соопштение во училиштето, за документите кои родителите се должни да ги донесат за запишување. Потребни се извод од матична книга на родените и потврда за примени задолжителни вакцини на детето. Уписот трае во текот на мај и кај нас обично до крајот на месецот родителите ги запишуваат децата - вели Владимир Јовановиќ, директор на основно училиште „Карпош“ од село Умин Дол.

    Повеќе информации за уписот родителите можат да добијат од педагошко – психолошките служби во училиштата.