×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна уписот на ученици во средните училишта во Куманово

    16.06.2020 11:58 | KumanovoNews

    Денеска, започна уписот во четирите средни училишта во Куманово, согласно критериумите утврдени во Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во прва година средно.

    Започна уписот на ученици во средните училишта во Куманово

    Уписите се организираат согласно препораките од Министерство за образование и наука, Владата и Комисијата за заразни болести, со поднесување на документите за упис по азбучен ред на презимето, задолжително носење на заштитни маски, дезинфекција и оддржување на растојание од два мери.

    Приемот на документите ќе се врши денес, утре и во четврток во периодот од 7 до 19 часот, како и на 19 јуни од 7 до 13 часот.

    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово до 12 часот се запишал 101 ученик.

    Најголем интерес досега, односно 40 ученици се определиле за смерот општествено-хуманистичко подрачје А, 28 се запишале на природно-математичко подрачје А, 13 од нив избрале општествено-хуманистичко подрачје Б, по 7 ученици се запишале на природно-математичко подрачје Б и општествено-хуманистичко подрачје А, 3 од нив се одлучиле за јазичко-уметничко подрачје А. Додека пак 3 од учениците се имаат определено и за изучување на српски јазик, а 5 од учениците за билингвална паралелка на француски јазик.

    „До 12 часот досега имаме запишано 101 ученик, тоа е една навистина солидна бројка. На местата каде што треба да се запишуваат учениците има обезбедено дезинфекциски средства, вработените се со маски и ракавици. Има големо почитување на мерките и од страна на учениците и можам да кажам дека уписите се одвиваат во најдобар ред. Со оглед на тоа што се оди по азбучен ред, очекуваме бројката да биде поголема до 19 часот, а исто така и во наредните денови“, вели Марија Тодоровска, директорка на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

    Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот.

    Согласно препораките од надлежните институции, училиштата се задолжителни да обезбедат редарска служба, редовно да вршат дезинфекција на клупите и просторот во училиштетата, да одржуваат хигиена на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употребата на средствата за дезинфекција, а на крајот на секој работен ден задолжително треба да извршат механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатството на производителот.

    Според уредбите од Конкурсот, второто пријавување и запишување ќе биде на 24 и 25 јуни, а третото пријавување на 29 јуни. 

    Оваа година во средините училишта во Куманово се очекува да се запишат 1054 ученици од 16 основни училишта, кои завршиле девето одделение.

    (Ф.Марковска)