×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Застана градбата на „Лукоил„

    19.07.2010 13:11 | KumanovoNews

     Причина е што изведувачот на работите „Арс Проект„ не обезбедил сообраќајна согласност за градба, поради што добиле пријава за кршење по Законот за сообраќај.

    Застана градбата на „Лукоил„

     Неколку дена по отпочнувањето на градежните работи на бензинска пумпа „Лукои„ во близина на Зелениот пазар и основното училиште „Бајрам Шабани„, работата е запрена. Причина е што изведувачот на работите „Арс Проект„ не обезбедил сообраќајна согласност за градба, поради што добиле пријава за кршење по Законот за сообраќај.

    Фирмата нема дозвола камионите потешки од 7 тона да се движат по улиците, ниту е одреден посебен режим на сообраќај до градилиште. Поради тие пропусти фирмата заработи прекршочна пријава. Ние не сакаме да го попречуваме градењето и работиме на давање на согласноста, каде точно ќе бидат прецизирани правила по кои градителот ќе мора да се однесува во сообраќајот за да не дојде до несакани последици - велат од СВР Куманово.

    Тие сметаат дека Општината не требала да даде одобрение за градба се додека фирмата не добие согласност од Одделот за безбедност во сообраќајот.

    Од Општината ја отфрлаат одговорноста и велат дека тоа е исклучиво обврска на фирмата, а не нивна.