×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворена 41.ликовна колонија „Куманово“

    27.08.2015 15:03 | KumanovoNews

    Уметници од Македонија, Србија и Романија изработија над 15 дела во рамки на ликовната колонија „Куманово“, која ја организираат општината и Музеј Куманово.

    Затворена 41.ликовна колонија „Куманово“

    Четириесет и првата по ред ликовна колонија „Куманово“ денеска беше затворена, со изложба на делата во Пелинце. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски им се заблагодари на уметниците за учеството и за нивниот придонес.

    Куманово негува ликовна уметност. Многу пати сум кажал традицијата како основоположник на модерната ликовна уметност. Куманово остана еден од најбрендираните градови во регионот по ликовната уметност, но и тоа го заслужува впрочем со историјата на уметноста која во минатото ја има. Драго ми е што 11-та година по ред ја затварам колонијата. Мислам дека имате добри услови за творештво, можеби и најдобри во Македонија. Направивте голема збирка и благодарам од мое име и од име на сите граѓани - рече Дамјановски.

    Директорката на Музеј Куманово, Анита Цветановска рече дека за десет дена уметниците имале плодна работа, дружење и размена на искуства. Работеа во техниките масло на платно, акрил и скулптура.

    Круна на сето ова десетдневно дружење од ликовна колонија „Куманово“ ќе биде изложбата за време на роденденот на нашиот град, а таа ќе биде во Уметничката галерија во Куманово. Секоја година е различно. Секој си носи свои методи на работа, секој има свое искуство и плод на тоа се едни вакви бесценети дела - вели Цветановска.

    Уметникот Христо Петрески вели дека оваа колонија е една од најугледните во земјава и е позната и во странство. Кажа дека амбиентот во Пелинце е идеален за творење.

    Ова е една од најмасовните колонии кај нас. Оваа колонија навистина е респектабилна, не само по бројот, туку и по имињата на учесниците. Со гостите од странство веќе се договоривме за гостување кај нив во Србија и Романија и обратно, што значи дека овие ликовни колонии пред се  се за запознавање на творците. Искрено кажано ние учиме едни од други - изјави Петрески.

    Ирина Чернавски Шантриќ од Белград вели дека прв пат учествува на колонијата и изработила три слики.

    Воопшто прв пат сум во Куманово. Го сликав манастирот Свети Ѓорѓи. Домаќините беа супер, и се надевам дека и тие се задоволни од нас. Ако ме поканат друг пат пак би дошла - изјави таа.

    Дел од уметниците сликаа мотиви од Македонија и од земјите од каде доаѓаат. Сликите ќе ги красат ѕидовите на јавните установи во градот.