×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворот во Кшање без затвореници

    15.07.2010 09:22 | KumanovoNews

     Празен и без затвореници е Затворот во кумановското село К`шање, кој  уште пред една година требаше да ги прими првите станари. Новата казнено поправна установа се уште ја нема својата функција,поради тоа што не се изградени пропратните објекти.

    Затворот во Кшање без затвореници

     Затворската зграда и келиите се готови, но не се изградени, управната зграда, кујната, ресторанот, канцелариите и стражарниците. Објектот сеуште не е приклучен со струја и вода. Треба да се изгради и оградата околу затворот, да се постави мрежа во делот што е предвиден за шеталиште, да се уреди влезот на затворот и пристапниот селски пат во должина од 2 километри -велат неши извори.

    Вчера самите се уверивме дека целиот комплекс е запуштен и зраснат во  дрвја и трева. За да не се уништи и да не се украдат поставените камери и другиот инвентар објектот го обезбедува еден стражар со две кучиња, а четворица се менуваат на 24 часа. Сите доаѓаат на работа од Крива Паланка.

     До март годинава директорка на Затворот беше Соња Цветковска и нејзината канцеларија беше сместена во стан во Куманово. По нејзино заминување за пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, станот бил откажан, а мебелот пренесен во Кшање.

    На нејзино место е назначен Сталин Трајковски,кој прво работел како командир на обезбедувањето во Шутка,а потоа станал раководител на отвореното одделение  во Крива Паланка со овластување на директорката на Управата за извршување на санкции да ги води работите во затворот во Кшање со дваесетината вработени.

    Неодамна затворот го посетила делегација од Европската унија,која извршила увид пред да се одобрат сретства за довршување на затворот.

    Изградбата на новиот затвор во селото Кшање започна на 7 јули 2007 година, а првите лопати ги фрлија министрите за правда Михајло Маневски и за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

    Тоа ќе биде казнено-поправна институција од полуотворен тип. Ќе има некаде околу 1.800 квадратни метри корисна површина. Се предвидува во овој затвор да престојуваат вкупно околу 220 осудени лица. Затворот ќе се гради со средства обезбедени во Буџетот на РМ  во висина од 135 милиони денари. Новиот затвор се очекува в година ова време да профункционира -рече министерот Маневски на свеченоста.

    Затворот  Куманово во селото Кшање под кој спаѓа и отвореното одделение во Крива Паланка, треба да ги растерети затвотот во Шутка и Идризово,каде од 30 до 45 насто од притворените се од подрачјето што го покрива Кумановскиот суд со двата гранични премини.